
Фудбалерите на Славен Белупо во недела ќе имаат голем предизвик на домашен терен – во Копривница гостува актуелниот лидер на табелата, екипата на Хајдук. Натпреварот на стадионот „Иван Кушек-Апаш“ ќе започне во 16 часот, а интересот кај публиката е огромен – сите билети се веќе распродадени, што најавува вистински фудбалски спектакл.
Во пресрет на дербито, македонскиот напаѓач Илија Несторовски откри дека личните статистики не му се приоритет, туку успехот на тимот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Не ми е важно дали јас ќе бидам стрелец. Сакам да им асистирам на помладите, да им помогнам да растат и да направат трансфери. Моите години за тоа поминаа – сега најважно е тимот да победува и сите да бидеме задоволни“, изјави Несторовски.
Искусниот голгетер се наврати и на периодот од 2016 година, кога ја напушти ХНЛ како најдобар стрелец во дресот на Интер Запрешиќ.
„Во тоа време ниту еден хрватски клуб не покажа интерес за мене. Но можеби така требало – заминав во Италија, играв во Серија А, направив кариера и сега повторно сум тука, каде што сè започна“, рече Несторовски