Дома Фудбал Италија Никој не остана рамнодушен: Фудбалскиот свет му се поклони на Буфон

Никој не остана рамнодушен: Фудбалскиот свет му се поклони на Буфон

Италија синоќа со прости од сонот да игра на Светското првенство во Русија, а легендарниот Џиџи Буфон ги одигра последните минути во дресот на „аѕурите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Големиот Буфон по натпревари низ солзи го потврди повлекувањето од репрезентацијата, кое за жал не беше на најголемата фудбалска смотра.

Никој не остана рамнодушен на солзите на Буфон, па фудбалскиот свет со пораки преку социјалните мрежи му дадоа поддршка на легендата.

Особено трогателна беше пораката на Икер Касиљас, кој преку Твитер напиша:

„Не сакам да те гледам ваков. Сакам да те видам онаков каков што беше и каков што многумина и понатака те гледаат- ЛЕГЕНДА! Горд сум на тоа што те познавав и што се имаме сретнато на теренот многу пати. Се уште мораш да не воодушевуваш на терените, пријателу“.

Пораки со поддршка испратија уште Серхио Рамос, Роберт Левандовски, Пауло Дибала, Баерн Минхен и многу други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нејмар емотивно се збогуваше: Тука крварев, го дадов својот живот, но веќе нема да ме има во Бразил

Најдобриот стрелец во историјата на Бразил, Нејмар Жуниор, потврди дека повеќе нема да игр…