Дома Фудбал Кошмарни вести за Наполи, Де Брујне е надвор на подолго време

Кошмарни вести за Наполи, Де Брујне е надвор на подолго време

Наполи официјално ја објави лошата вест поврзана со повредата на Кевин Де Брујне. Повредата на Белгиецот е тешка, и според информациите тој ќе биде надвор од терените 4 месеци, што е кошмарна вест за Антонио Конте.

Де Брујне ја доби повредата за време на дербито со Интер (3:1) и тоа точно додека изведуваше пенал кој го донесе првиот гол против “неразурите”. По постигнувањето на голот, искусниот белгиски играч се фати за бутот, не можеше да продолжи и побара замена, бидејќи не можеше сам да се движи по теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“По повредата добиена во текот на натпреварот против Интер, Кевин Де Броуне се подложи на испитувања во болницата „Пинета Гранде“, кои открија тешко кинење на мускулот бицепс фемор на десната натколеница. Фудбалерот веќе започнал со својот рехабилитациски програм”, стои во соопштението на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Случајот „Јамал“ ја потресе Шпанија, Барселона загрижена за неговото однесување, Лапорта презеде мерки

Ламин Јамал е на сите насловни страници на шпанските медиуми по неделното „Ел класико“. Шп…