Дома Фудбал Флик во сè поголеми проблеми – уште еден играч отпадна за дербито со Реал!

Флик во сè поголеми проблеми – уште еден играч отпадна за дербито со Реал!

Барселона ќе влезе во Ел Класико против Реал Мадрид без повредениот Рафиња, кој почувствува болка за време на тренингот и мораше порано да го напушти. Бразилецот се приклучи на долгиот список на отсутни, во кој се наоѓаат и Тер Штеген, Гави, Левандовски и Олмо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Списокот на недостапни играчи на Барселона за неделното дерби со Реал Мадрид се прошири со името на Рафиња. Ханси Флик се надеваше дека Бразилецот ќе се закрепне од повредата на мускулот, но левото крило почувствува болка и денес го напушти тренингот.

За да се избегнат повторување и влошување на повредата, шпанскиот шампион одлучи да не ризикува и нема да го повика Рафиња за гостувањето на “Сантијаго Бернабеу” во недела попладне, во 10. коло од Ла Лига.

Дваесет и осумгодишниот Бразилец пред месец дена претрпе истегнување на десниот бицепс феморис. Повредата се случи во победата на Барселона со 3:1 во Овиедо. Лекарите беа оптимисти за неговото закрепнување, но Бразилецот не успеа да го заврши последниот тренинг.

Рафиња ќе се приклучи на веќе подолгиот список на отсутни за Ел Класико. Ханзи Флик нема да може да смета на Гарсија, Марк-Андре тер Штеген, Гави, Роберт Левандовски и Дани Олмо. Покрај тоа, присуството на Френки де Јонг во стартната постава на Каталоните е неизвесно, како и на Жил Кунде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Држава со само 135 фудбалери учествува на Светското првенство

Курасао освои место на Светското првенство. Со популација од само 156.115 жители, тие стан…