Младата репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз од Австрија на арената „Филип Втори“ од 0:4.
После овој пораз, кој е најтежок за избраниците на Милевски, фудбалска репрезентација до 21 година останува на дното на табелата во групата и по четвртиот квалификациски натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австрија беше подобар противник кој можеше и поубедливо да дојде до трите бода. Македонија од време на време се закануваше со по некоја шанса но не успе да постигне ниту почесен гол.
Резултатот беше отворен во 12-та минута, а стрелец беше Јакуповиќ кој испрати „бомба“ од дваесетина метри. Во 25-та минута Хонсак зголеми на 0-2, а резултатот од 0-3 на полувремето го постави Лаимер во 36-та минута.
Македонија се обиде да игра поофанвизно во второто полувреме, но правеше и многу грешки. После една таква во 54-та минута гостите зголемија на 4:0, повторно преку Јакуповиќ. Во 85-та минута Македонија имаше шанса од пенал да постигне почесен гол, но ударот на Исени го одбрани голманот на Австрија.