
Додека трае дебатата за предолгата тениска сезона и исцрпувачките натпревари, и среде критиките кон Јаник Синер во Италија затоа што не учествува во Дејвис купот, се појави нова егзибиција.
Според информациите од Ubitenis, Синер ќе му се спротивстави на Карлос Алкараз на меч за промоција на тенисот но и за значителна парична награда во Јужна Кореја. Иако точниот датум сè уште не е потврден, се претпоставува дека ќе биде во раните денови на јануари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Двајцата водечки тенисери ќе се упатат кон Австралија и воедно ќе слетаат во Сеул за да одиграат еден меч, додека „Хјундаи“ ќе биде главниот спонзор.
Со низа кратки објави на социјалните мрежи двајцата го најавија својот меч со пораката „Се гледаме во Кореја“, без дополнителни информации, но италијанските медиуми успеаа да откријат повеќе детали.
„Според податоците на агенцијата Јохап, на овој егзибициски турнир во минатото играле и Марија Шарапова, Венус Вилијамс, Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Родик.“
#Sincaraz Меч во Јужна Кореја?
— Janniksin_Updates (@JannikSinner_Up) October 22, 2025
🦊x🇪🇸x🇰🇷 pic.twitter.com/JDWeOM9OvU