Дома Останати Изненадување: Надал се повлече од завршниот Мастерс

Изненадување: Надал се повлече од завршниот Мастерс

Најдобриот тенисер во светот, Рафаел Надал, загуби во првото коло на завршниот Мастерс во Лондон од Белгиецот Давид Гофан 6:7, 7:6, 6:4 и по мечот поради повреда на коленото реши да се повлече од турнирот.

Шпанецот мечот со Гофан го загуби по голема борба, а за поразот клучна беше повредата на десното колено, поради која првиот на АТП листата речиси и не можеше да се движи во решавачкиот сет.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


„Не сум подготвен да играм. Се обидов. Премногу во минатото го пропуштав овој турнир“, изјави по мечот Надал, кој никогаш го нема освоено овој турнир.

Прва резерва на Мастерсот е Пабло Карењо-Буста, кој ќе го замени својот сонародник и во групата „Пит Сампрас“ ќе ги одигра преостанатите два меча, против Бугаринот Григор Димитров и Австриецот Доминик Тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Не пијат сите шејкови: Јапонецот Ватануки зема Пепси, па приреди сензација на Индијан Велс

Јапонецот Јосуке Вотануки (26) дефинитивно е помалку познато име за оние кои не го следат …