Дома Фудбал Нова средба на Роналдо и Спид: Португалецот го виде најверниот навивач, а потоа следеше лудило (Видео)

Нова средба на Роналдо и Спид: Португалецот го виде најверниот навивач, а потоа следеше лудило (Видео)

Целиот интернет знае за вечната љубов што Спид ја има кон Кристијано Роналдо и дека е негов најголем фан. Ал Наср во вчерашниот натпревар од петтото коло на првенството на Саудиска Арабија го совлада Ал Фатех со високи 5:1.

Хет-трик постигна Жоао Феликс, а по него на листата на стрелци се запишаа Кристијано Роналдо и Кингсли Коман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Единствениот гол за Ал Фатех го постигна Софиане Бендебка. Тоа што сепак стана највирално е што се случи по натпреварот.

Фудбалерите на Ал Наср предводени од Роналдо пристигнаа пред најжешките навивачи, а таму ги пречека „новиот водач на навивачите“.

Станува збор за популарниот стример, IShowSpeed, кој со своето присуство привлекува внимание ширум светот.

Општо е познато дека Спид е еден од најголемите фанови на Кристијано Роналдо, а и овојпат Португалецот го забележа Спид.

И тоа не е сè, легендарниот Португалец одбра која навивачка песна и ритам ќе ги поведе Спид.

Како изгледаше тоа можете да погледнете во продолжение.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо дерби на “Енфилд” ја остави Ман Сити во трката

Манчестер Сити остана во трката за титулата со Арсенал, откако извојува исклучително вредн…