Дома Фудбал Нови промени во Лигата на шампионите. УЕФА со нив има за цел да заработи пет милијарди евра

Нови промени во Лигата на шампионите. УЕФА со нив има за цел да заработи пет милијарди евра

Лигата на шампионите на УЕФА се игра во нова формација со 36 екипи веќе втора сезона по ред, а од сезоната 2027/2028 следуваат нови измени. Според британскиот весник Daily Mail, таа сезона ќе започне со меч на актуелниот европски првак дома, против еден од тимовите што ќе бидат определени преку ждрепка.

Проверен модел од Олимписките игри, Лигата на шампионите ќе има церемонија на отворање, каде ќе учествува позната светска музичка ѕвезда, заедно со танчери и пејачи. Американската агенција Relevent го создаде проектот, чија цел е зголемување на приходите од ова врвно европско натпреварување. 

УЕФА има за цел да заработи пет милијарди евра годишно

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лигата на шампионите ќе пристигне на стриминг платформи како што се Netflix, Amazon Prime, и Disney, кои ќе го одредуваат и распоредот за пренос. Имено, вторник ќе се игра само еден натпревар, тој што ќе го изберат претставниците на овие стриминг сервиси. Остатокот од натпреварите ќе се играат среда и четврток.

УЕФА има намера да заработи од комерцијалните приходи и преносните права пет милијарди евра годишно, додека моментално заработуваат 4.42 милијарди. Преносите од натпреварите би можеле да се гледаат и на YouTube. Во регионот, правата за пренос на Лигата на шампионите моментално ги има Арена спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти не ги затвора вратите на репрезентацијата за Нејмар

Со години беше неговата главна ѕвезда, некое време и капитен, но повредите доведоа до тоа …