
Мартин Зубименди, шпанскиот играч од средниот ред кој летово пристигна во Арсенал, ги објасни причините зошто минатата сезона го одби трансферот во Ливерпул и реши да го почека повикот од Лондон. Неговата одлука се покажа како исправна – Зубименди стана клучен дел од машинеријата на Артета и еден од најзаслужните за тоа што Арсенал моментално е на врвот на Премиер лигата.
Зубименди минатото лето беше на прагот на „Енфилд“. Ливерпул ги договори сите услови со Реал Сосиедад и личеше на сигурна дестинација за шпанскиот репрезентативец.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Дури според англиските медиуми, 26-годишникот тогаш даде и збор на клубот на Клоп дека ќе потпише.
Сепак, во последен момент реши да остане во клубот во кој израсна, Реал Сосиедад, и да го одложи трансферот за една година.
Денес, во дресот на Арсенал, објаснува зошто тогаш го променил мислењето.
“Кога ќе стигне било каква понуда, првото прашање кое си го поставувам е – дали да останам во Ла Реал. Тогаш тоа едноставно не беше вистинскиот момент”, рече Зубименди за The Guardian.
“Останав и тоа беше тешка сезона, но многу научив. Сакавав да преземам поголема одговорност откако некои играчи заминаа. Секогаш се обидував да го избереш вистинскиот момент и среќен сум како на крај се одвиваше сè.”
“Гледав Арсенал и ми се допадна сè што видов – страст, младост, енергија на тимот. А кога те повикува Артета… Ако некогаш си разговарал со него, знаеш колку може да биде убедлив”, посочи тој со насмевка.
“Тој е опседнат со фудбалот, сака да има сè под контрола, го извлекува максимумот од секој детал. Има исклучително јасна визија и предлогот што ми го понуди беше најдобриот за мене.”