Дома Фудбал Останато Ужас во Австралија: Криминалци убиле поранешен УФЦ борец!

Ужас во Австралија: Криминалци убиле поранешен УФЦ борец!

Суман Моктаријан, поранешен MMA борец од Австралија, беше убиен во Риверстоун, предградие на Сиднеј, при што полицијата се сомнева дека инцидентот е поврзан со банди и е намерен напад.

Настанот се случил во среда околу 18 часот по локално време, додека Моктаријан шетал по улицата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Очевидци изјавиле дека чуле неколку истрели испукани од црвено Ауди. Иако брзата помош стигнала брзо, лекарите не успеале да го спасат 33-годишниот спортист.

Напаѓачот сè уште не е уапсен, а полицијата продолжува со интензивна потрага по него.

Ова не беше првпат Моктаријан да се соочи со криминалци. Во февруари 2024 година, вооружен маж маскиран како доставувач се обиде да го застрела од непосредна близина пред неговата сала, но не успеа во тоа.

Моктаријан беше учесник во 27-та сезона на шоуто “The Ultimate Fighter”, каде што беше дел од тимот на Стипе Миочиќ во перолесната категорија.

Иако изгуби во првата борба на почетокот на 2018 година со едногласна одлука на судиите, УФЦ сепак му даде договор.

Во оваа водечка светска организација за MMA, дебитираше во декември 2018 година кога беше поразен со нокаут во првата рунда од Содик Јусуф. Наредната година настапи на УФЦ настанот во Бусан, каде загуби по едногласна одлука на судиите од Сеунг Ву Чои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од најдобрите спортисти на сите времиња доживеа голема несреќа – штета од милион долари!

Најдобриот атлетичар на сите времиња и еден од најдобрите во историјата на сите спортови &…