Дома Фудбал Хендерсон жали поради трката за саудиските долари

Хендерсон жали поради трката за саудиските долари

Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон вели дека имал „тешки моменти“ кога го напуштил Ливерпул и преминал во Саудиска Арабија, и дека „можел да донесе поинакви одлуки“.

Овој 35-годишен фудбалер наиде на остри критики кога во 2023 година го напушти Ливерпул за да игра за Ал-Етифак.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Со текот на времето, гледано наназад, да – можеби ќе донесев поинакви одлуки. Но, во тој момент така се чувстував и одлуката ја донесов од многу различни причини кои само јас ги знам. Нема да лажам, во последните неколку години имав тешки моменти. Одењето од Ливерпул делуваше како раскинување. Секако дека не сум совршен и сум правел грешки во минатото. Ги правев низ целата кариера. Но, сè што сум се обидувал е да правам вистински работи“, рече Хендерсон на собирот на репрезентацијата на Англија.

Хендерсон не беше дел од тимот на Гарет Саутгејт за ЕУРО 2024, но сега се врати во Премиер лигата, игра за Брентфорд и е дел од англиската репрезентација под водство на Томас Тухел.

„Не мислам дека тоа (престојот во Саудиска Арабија) е причината што го пропуштив Европското првенство”, изјави Хендерсон, „Додека бев таму, бев повикуван во секој камп пред првенството“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал Мадрид – се повреди Хујсен

Реал Мадрид се соочува со нова кадровска мака пред продолжението на сезоната. Клубот офици…