Дома Фудбал Денес игра за Реал Мадрид, но се можело да биде поинаку: Бев договорен со Барселона!

Денес игра за Реал Мадрид, но се можело да биде поинаку: Бев договорен со Барселона!

Без интервенцијата на таткото на Родриго, историјата на модерниот фудбал можеше да биде сосема поинаква.

Во искрен разговор со новинарот Томас Ронсеро, кој е голем поддржувач на Реал Мадрид, бразилската ѕвезда откри дека во 2019 година имал договорен трансфер со Барселона.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во тоа време, Родриго го маѓепсуваше фудбалскиот свет во дресот на Сантос, кога челниците на Барселона го побараа и тој даде зелено светло.

“Пред да потпишам договор со Реал Мадрид, сè беше договорено за мојот трансфер во Барселона. Меѓутоа, тогаш се појави мојот татко и ме праша да изберам помеѓу Реал Мадрид и Барселона, и таа одлука беше лесна. Знаев што сакам, знаев кој е мојот сон и тој се оствари”, призна Родриго во интервјуто со новинарот Ронсеро.

На прашањето што би се случило ако неговиот татко не му го поставил прашањето за Реал Мадрид, тој одговори:

“Ќе заминев во Барселона. Играв во Сантос и блескав, а Барселона ме побара. Тоа е клуб кон кој имам голема почит, иако мојот сон беше Реал Мадрид. Но, како професионалец го почитувам секој голем клуб, а Барселона е еден од нив”, истакна Родриго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед сака да се засили од Саудиска Арабија

Манчестер јунајтед повторно ја отвори својата трансфер мисија кон Блискиот Исток, откако с…