Дома Останати Тони Надал призна дека Рафа имал среќа, а потоа го „пецна“ Ѓоковиќ!

Тони Надал призна дека Рафа имал среќа, а потоа го „пецна“ Ѓоковиќ!

Чичкото на Рафаел Надал, Тони, призна дека Рафа имал среќа што Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј порано ја завршиле сезоната, што му помогнало полесно да дојде до првото место.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Вистина е што оние кои беа пред нас не беа тука (Новак и Енди), така што тоа беше мала помош“, изјави Тони Надал, но не пропуштил да го „боцне“ Ѓоковиќ.

„Кога Ѓоковиќ беше на врвот, имаше среќа што двајцата тенисери кои му задаваа најмногу проблеми, Роџер и Рафа, не беа во најдобра форма“.

Тони Надал го тренира Рафа уште од почетокот на кариерата, но самиот најави дека оваа сезона ќе му биде последна. Во иднина тој ќе се посвети на работата во нивната академија, додека главен тренер на Рафа ќе биде Карлос Моја.

Рафаел Надал годината ќе ја заврши на првото место на АТП-листата, а оваа недела ќе се обиде првпат во кариерата да го освои завршниот мастерс кој се игра во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…