Дома Фудбал Се подготвува нова револуција во Лигата на шампиони: Две групи и бесплатни преноси

Се подготвува нова револуција во Лигата на шампиони: Две групи и бесплатни преноси

Само три години по историската промена на форматот на Лигата на шампиони, укинувањето на групите и преминување на лигашки тип на натпреварување, се подготвува нова револуционерна реформа на престижното натпреварување. По месеци на тајни преговори, Европската Суперлига повторно се враќа во центарот на вниманието. Компанијата A22, која го застапува проектот Суперлига, испратила предлог до УЕФА со цел заедничко редизајнирање на Лигата на шампиони и нејзино правење попривлечна за глобалната публика.

Според пишувањата на шпанскиот „Мундо Депортиво“, во последните осум месеци се одржале седум состаноци меѓу претставници на УЕФА, Суперлигата и водечките европски клубови. Целта е да се најде компромис што би ги задоволил сите страни и да се спречат понатамошни поделби во европскиот фудбал.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Извори блиски на преговорите тврдат дека УЕФА веќе има на маса конечен предлог, кој се базира на два клучни елементи: започнување на глобална бесплатна стриминг платформа за пренос на натпревари и измени на форматот на натпреварување кои би го зголемиле бројот на атрактивни натпревари во раната фаза.

Предложениот систем на натпреварување би продолжил да вклучува 36 клубови, кои би се квалификувале преку националните лиги, како и досега. Новина е поделбата во две групи со по 18 клуба:

Првата група би ги обединила 18-те најдобро рангирани тимови кои би играле осум натпревари меѓусебно во првата фаза.

Втората група би ги вклучувала клубовите од 19-то до 36-то место.

Осумте првопласирани од првата група директно би се пласирале во осминафиналето, додека останатите 16 клуба од двете групи би играле плејоф. Така, на пример, деветопласираниот од првата група би играл против најслабата екипа од втората група.

Целта на предлогот е да се избалансира натпреварувањето и да им се овозможи на поголем број клубови да се борат за напредување во завршницата, а истовремено да се зголеми бројот на висококвалитетни натпревари во раната фаза.

Најголема новина се однесува на телевизиските права. Суперлигата предлага создавање на нова платформа со име UNIFY, која би нудела бесплатен пренос на натпревари со реклами и премиум верзија без реклами.

Планирано е овој систем да започне во 2027 година, кога започнува новиот период на продажба на медијските права за Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ за роденден си купи „ѕвер“ од 4 милиони евра (Фото)

Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави својот 44. роденден, и како и секоја година, ја продо…