Дома Фудбал „Чудото од дете“ на Звезда со македонско потекло вчера постигна спектакуларен гол и испиша историја!

„Чудото од дете“ на Звезда со македонско потекло вчера постигна спектакуларен гол и испиша историја!

Фудбалерите на Црвена Звезда претрпеа пораз од Порто со резултат 2:1, а за српскиот шампион кобен беше ударот на Родриго Муро во 89-тата минута.

Сепак, во овој пораз се појави млада ѕвезда – Васиље Костов, кој стана најмладиот стрелец на црвено-белите во историјата на меѓународните натпревари. Интересно е што тој има македонско потекло, но сепка се одлучи во македонките категории да настапува за Србија каде и што е роден.

Василије Костов ги сподели своите мисли по натпреварот.

– Од почетокот на натпреварот бевме посветени, примивме рано гол, но успеавме да се вратиме во играта. Мојот гол и донесе самодоверба на екипата, но на крајот, злосреќно дозволивме гол

И покрај притисокот, младиот фудбалер успешно се справи со него.

– Имав мала трема пред почетокот на натпреварот, но штом започна, исчезна. Се вложив целосно и верувам дека успеав да покажам што знам.

Изрази благодарност до навивачите за нивната поддршка во Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…