Дома Фудбал Први се фаворити за Лигата на шампиони, иако никогаш не ја освоиле

Први се фаворити за Лигата на шампиони, иако никогаш не ја освоиле

Компанијата Опта, која се занимава со статистика, ги објави своите проекции за Лигата на шампиони.

По две одиграни кола, промени се случија во фаворитите за освојување на европската титула.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред првиот натпревар, односно по ждрепката, најголеми шанси имаше англискиот шампион Ливерпул со 17,2 проценти. Сега, на првото место е Арсенал, пред Ливерпул и минатогодишниот победник ПСЖ.

Лондонскиот тим никогаш не ја има освоено Лигата на шампиони, а оваа сезона во Европа започна со победи над Олимпијакос и Атлетик Билбао со истиот резултат од 2:0, и има максимален учинок, како и Баерн, Реал, ПСЖ, Интер и Карабах.

Фаворити за освојување на Лигата на шампиони според Опта:

Арсенал – 18.09 проценти
Ливерпул – 14.70 проценти

ПСЖ – 13.96 проценти
Манчестер Сити – 9.71 проценти
Баерн – 9.50 проценти
Барселона – 8.25 проценти

Реал Мадрид – 4.94 проценти

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Згаснува идејата за Суперлига: Барселона ќе го напушти проектот!?

Барселона сериозно размислува да се повлече од проектот за Суперлигата, откако односите на…