Дома Моторспорт Знаете ли колку ќе чини литар бензин за Ф1 следната сезона?

Знаете ли колку ќе чини литар бензин за Ф1 следната сезона?

Доаѓаат нови правила од ФИА и ФОМ, а со нив и ново гориво за хибридните мотори.

Секој тим има партнер кој ќе му обезбеди ново, 100% одржливо гориво.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Сепак, ќе се зголеми и цената. Во моментот секој тим на Формула 1 плаќа 20-30 евра по литар. Тоа значи дека полнењето на резервоарот чини околу 2-3 илјади евра.

Бидејќи 100% одржливите горива нема да потекнуваат од фосилни извори – нивното производство ќе биде преку користење на гасови, комбинирање на водород и јаглероден диоксид од воздухот, затоа трошоците драстично ќе растат.

Всушност, се проценува дека литар бензин за болидите на Ф1 во 2026 година ќе чини повеќе од 200 евра!

Грубите пресметки велат дека секој тим ќе треба околу 2 милиони евра за гориво во текот на целата сезона.

Овој потег е важен дел од стратегијата на Формула 1 за постигнување целосна јаглеродна неутралност до 2030 година.

Новите правила за 2026 година внесуваат значително зголемување на силата на електричните системи во погонските единици – од 120 kW на 350 kW (од 160 на 470 КС), што претставува речиси тројно зголемување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Марк Маркез е светски шампион во Мото ГП (Видео)

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез е новиот светски шампион во Мото ГП. Со освоеното второ …