Дома Моторспорт Марк Маркез е светски шампион во Мото ГП (Видео)

Марк Маркез е светски шампион во Мото ГП (Видео)

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез е новиот светски шампион во Мото ГП. Со освоеното второ место на Големата награда на Јапонија, 32-годишникот стигна до својот деветти наслов и се изедначи со легендарниот Валентино Роси.

По шест години, Марк Маркез повторно е шампион во Moto GP. Денес, на патеката „Twin Ring Motegi“ во Јапонија, Шпанецот го зазеде второто место, што му беше доволно за нова титула на најдобар во светот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Возачот на Дукати ја освои својата седма титула во најсилната класа, вкупно деветта во кариерата, и по бројот на титули во Moto GP се изедначи со легендарниот Валентино Роси.

Над нив е само Џакомо Агостини со осум титули, и нема да биде изненадување ако Маркез во следните години го надмине овој учинок.

Триумфот на Големата награда на Јапонија денес го постигна Франческо Бањаја од Дукати, а покрај Маркез на подиумот беше и возачот на Репсол Хонда, Хоан Мир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тото Волф продава дел од Мерцедес

Директорот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, е во напредна фаза на преговори за продажба на…