Дома Македонски спорт Каратистите на Макпетрол со 10 медали на турнирот „13 Ноември“

Каратистите на Макпетрол со 10 медали на турнирот „13 Ноември“

По повод ослободување на градот Скопје викендов во салата на Факултетот за физичка култура во Скопје, се одржа интернационалниот карате турнир „13 Ноември“, на кој земаа учество 380 млади каратисти.

„Овој турнир е со многу голема традиција и тој порано се одржуваше во сениорска конкуренција. Последниве години ова е турнир за помладите возрасни категории на спортисти. Ние на овој турнир учествувавме со 12 млади спортисти и успеавме да освоиме вкупно 10 медали од кои 5 златни и пет сребрени. Натпреварот воедно ни послужи и како последна контрола пред Државното првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У-21), кое треба да се одржи следниот викенд. Сега имаме уште една недела на располагање за да ги поправиме недостатоците во тактичкиот дел и да се обидеме да бидеме успешни на Државното првенство“, истакана тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …