Дома Останати Кошарка Големо засилување во Белград: Партизан се засили со најдобриот млад кошаркар на Евробаскетот!

Големо засилување во Белград: Партизан се засили со најдобриот млад кошаркар на Евробаскетот!

Мика Муринен е нов кошаркар на Партизан, објави претседателот Остоја Мијаиловиќ.

“Сакам да ви се заблагодарам што дојдовте во толкав број, што претставува добар знак. Голема вест е случена пред почетокот на оваа сезона, а тоа е дека Мика Муринен потпиша договор за три сезони.”

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Информацијата се појави во четвртокот навечер, а официјалната потврда пристигна овој петок од страна на претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Талентираниот фински кошаркар склучи договор на три години. Стигнува од средното училиште во Аризона, иако многумина очекуваа дека ќе се приклучи на некој од најдобрите универзитети во Америка.

Зад овој 18-годишник е одличен Евробаскет, каде што стигна со Финска до четвртото место, играјќи значајна улога од клупата и претставувајќи „тајна офанзива“ за репрезентацијата. Притоа освои награда за најдобар млад кошаркар на овој турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонските кошаркарки славеа против Данска

Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 го…