
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар најверојатно ќе остане надвор од игра барем до крајот на 2025 година.
Оваа информација ја објави новинарот Родолфо Гомес, кој нагласи дека времето потребно за негово закрепнување нема да биде доволно за да се врати на теренот пред крајот на годината.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Покрај здравствените предизвици, Гомес изрази загриженост и за личните навики кои, според него, Нејмар ги следи надвор од теренот. Гомес тврди дека фудбалерот води начин на живот кој е сосема непрепорачлив за професионален спортист.
🚨 Neymar НЕ игра повеќе во 2025.
— Pérolas da Imprensa Esportiva (@esporteperolas) September 25, 2025
Според информациите од Родолфо Гомес, напаѓачот на Сантос нема да има време за закрепнување за да се врати на игра оваа година.
Изворот додава:
“Зависен е од виски со енергетски пијалаци, пуши наргиле и легнува во 4-5 часот наутро…”
🎥 @Rodox_Gomes pic.twitter.com/htoEo8Kut3
“Тој е зависен од виски со енергетски пијалаци, пуши наргиле и заспива дури наутро, околу 4 или 5 часот”, изјави новинарот.
Фановите на Сантос беа разочарани од веста, очекувајќи дека Нејмар ќе се врати за завршницата на бразилскиот шампионат. Фудбалскиот ас се приклучи на клубот во средината на 2025 година како едно од најголемите засилувања некогаш, но се појави на теренот само во неколку натпревари пред да се повреди повторно.