Дома Фудбал Лев за Мундијал со 64 репрезентации: Тоа е бесмислено!

Лев за Мундијал со 64 репрезентации: Тоа е бесмислено!

Поранешниот германски селектор Јоаким Лев (65) остро ги критикуваше плановите за проширување на Светското фудбалско првенство 2030 на 64 репрезентации. „Целосно претерано“, рече Лев за телевизиската станица Нитро.

„Пред половина година слушнав дека ФИФА зборува за тоа и турка такви планови. Веќе со 48 тимови се губи квалитетот на натпреварувањето. Здравјето и квалитетот на играчите секогаш треба да бидат на прво место. Ваква идеја е многу критична”, додаде Лев, кој со Германија го освои Светското првенство во Бразил во 2014.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На следното СП во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико следната година за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации, но веќе постојат планови за проширување за СП 2030, кое ќе се игра во шест земји (Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Уругвај, Парагвај).

Идејата за проширување на 64 тимови најмногу ја поддржува јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ. „Се надевам дека репрезентациите со понизок квалитет нема да ми замерат, но на Светското или Европското првенство гледачите сакаат да гледаат натпревари на највисоко ниво”, порача германскиот стручњак, кој дури 15 години ја водеше Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни го нападна навивачот кој стана вирален: Би го испратил на другата страна на државата, ме нервира!

Манчестер Јунајтед го заврши својот победнички низ со резултат 1-1 на гостувањето кај Вест…