
Лионел Меси продолжува да блеска во МЛС лигата со нови два гола за Интер Мајами.
Интер гостуваше во Њујорк, каде противник им беше тимот на Сити, а екипата од Мајами извојува победа од 4:0..
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Во 43. минута, Меси успеа да асистира на Балтазар Родригез за да постигне водечки гол од 1:0.
Во 74. минута, Меси покажа дел од магијата која го красеше низ сите овие 20 години.
Откако Серџио Бускетс маестрално го додаде до него, Меси се најде сам пред голманот и со рутински го совлада за 2:0.
По погодокот на Луис Суарез во 83. минута за 3:0, само три минути подоцна повторно беше време за Меси да се истакне.
Овој пат, буквално „прошета“ низ одбраната и со прецизен удар го погоди подалечниот агол.
Со ова, Меси стигна до 24-ти гол и 11-та асистенција оваа сезона во МЛС, а осми пат завршува натпревар со два гола.
Со оваа победа, Интер си обезбеди учество во плејофот на МЛС лигата.