Дома Фудбал Наполи го продолжи договорот со стандарден првотимец!

Наполи го продолжи договорот со стандарден првотимец!

Актуелниот шампион на Италија, Наполи, успешно ја започна новата сезона и единствено тие имаат максимален резултат после одиграните четири кола.

По победата над Пиза, објавија дека го продолжиле договорот со италијанскиот репрезентативец Матео Политано.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тој го потпиша новиот договор до 2028 година.

Политано во 2020 година од Интер дојде на позајмица во Наполи, кој потоа го откупи неговиот договор. За клубот од Неапол одигра 238 натпревари, постигна 34 гола и имаше 35 асистенции.

Освои две шампионски титули во Серија А и Италијанскиот куп.

Во текот на кариерата играл за Рома, Перуџа, Пескара и Сасуоло.

Играл за младите репрезентации на Италија, а за А селекцијата дебитираше во 2018 година, одигра 16 натпревари и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханси Флик и Барселона вечерва дознаа многу лоши вести!

Ханси Флик и останатиот стручниот штаб на Барселона вечерва дознаа многу лоши вести, а тоа…