Дома Фудбал Го украде шоуто: Лотар Матеус на церемонијата за „Златната топка“ се појави со 38 години помлада девојка

Го украде шоуто: Лотар Матеус на церемонијата за „Златната топка“ се појави со 38 години помлада девојка

Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус (64), познат по своите пет бракови, на свеченоста за доделување на Златната топка во Париз се појави заедно со својата нова девојка, 26-годишната манекенка Тересе Сомер, која е дури 38 години помлада од него.

Двојката неколкупати беше забележана заедно јавно, а германските медиуми веќе во летото ги прогласија за пар, иако тие никогаш официјално не ја објавија својата врска.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На црвениот тепих во Париз, Матеус се фотографираше прегрнувајќи ја својата партнерка, потврдувајќи ја на тој начин врската која досега беше предмет на шпекулации.

Според LinkedIn профилот, Сомер студирала економија и менаџмент на King’s College во Лондон, пред да се запише на студии по психологија на Универзитетот во Дурхам.

Животот на Матеус надвор од теренот беше далеку од мирен, бидејќи овој поранешен капитен на Германија беше во пет брака.

Својот прв брак го започна со Силвија во 1981 година. Имаат две ќерки: Алиса, родена 1986 година и Виола, родена 1988 година, но бракот заврши во 1992 година.

Потоа, поранешната ѕвезда на Баерн и швајцарската манекенка и телевизиска водителка Лолита Морена склучија брак во 1994 година, но тие се разделија во 1999 година.

Неговиот трет брак беше со Маријана Чолиќ во 2003 година, кој заврши кога Матеус започна врска со моделката Кристина Лилијана Чудинова, со која се ожени во 2009 година.

Матеус се ожени за петти пат во 2014 година со Анастасија Климко. Разводот следеше во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…