Дома Фудбал Мбапе се јави по доделување на „Златната топка“ – пораката беше ептен кратка

Мбапе се јави по доделување на „Златната топка“ – пораката беше ептен кратка

Францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои Златната топка за 2025 година по големата борба со Ламин Јамал од Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јамал за малку не успеа во трката за престижната награда, но како утеха по втор пат последователно ја доби наградата за најдобар млад играч во светот.

Многумина сметаат дека Дембеле заслужено го доби ова ласкаво признание, а веднаш пристигнаа и бројни коментари.

Се огласи и Килијан Мбапе, кој беше пресреќен за Дембеле.

Познато е дека Дембеле и Мбапе од порано се во добри пријателски односи, а сега ѕвездата на Реал му имаше кратка порака.

„Какво возбудување, брате! Заслужуваш 1000%”, напиша Мбапе. И Килијан Мбапе беше во годинешниот избор за Златната топка и заврши на седмото место во конечниот поредок.

Во Топ-3 покрај Дембеле и Јамал заврши Витиња, а во Топ-5 беа уште Мохамед Салах и Рафиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …