Дома Моторспорт Леклер останува верен на Ферари: Сакам да ги вратам на врвот, без разлика колку ќе трае

Леклер останува верен на Ферари: Сакам да ги вратам на врвот, без разлика колку ќе трае

Шарл Леклер потенцира дека не размислува за напуштање и дека неговиот сон е да освои титула со легендарниот тим од Маранело. И покрај разочарувачката сезона без победи, тој верува во проектот на Ферари.

Шарл Леклер јасно кажа дека не планира да го напушти Ферари, иако сè уште чека можност да се бори за шампионската титула.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Од 2019 година во црвениот болид има освоено само осум големи награди. Додека вистинската борба за титулата досега му е избегната.

Ферари ја започна сезоната 2022 со најбрзиот болид, но ослаби во развојот во текот на годината.

Во 2024 година, тимот беше блиску до конструкторската титула, но завршија 14 бода зад Мекларен. Ни тогаш немаа апсолутно најбрз болид во поредокот.

Додека Оскар Пиастри и Ландо Норис се борат за титулата, многумина се прашуваат дали Леклер треба да размислува за иднината надвор од Ферари.

Сепак, 26-годишникот и натаму верува во тимот, особено пред новите правила што стапуваат на сила во 2026 година.

Говорејќи пред новинарите во Баку, Леклер нагласи колку му значи Ферари.

„Затоа што многу го сакам овој тим, мислам дека тоа е одговорот. Отсекогаш сум го сакал Ферари и тука ја наоѓам мотивацијата бидејќи сакам да го вратам Ферари на врвот, без оглед колку време ќе трае тоа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Голем јубилеј за Иџе: Ќе ја вози 200. трка во кариерата!

Игор Стефановски – Иџе, најтрофејниот македонски автомобилист, овој викенд во Хрватска ќе …