
Кристијано Роналдо остро одговори на критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс поради преминот во саудискиот Ал-Наср, нарекувајќи ги критичарите идиоти. Трансферот на Феликс од Челси минатото лето, вреден 30 милиони евра, со можност за зголемување до 50 милиони преку бонуси, предизвика многу дебати во фудбалскиот свет, пишува „Дејли Мејл“.
Многумина се зачудија што 25-годишниот Португалец го напушти европскиот фудбал. Таа одлука следеше по турбулентен период. Феликс минатото лето премина на Стамфорд Бриџ од Атлетико Мадрид, откако веќе беше на позајмица во истиот клуб во 2023 година. Иако во првата половина од сезоната одигра 20 натпревари, започна само три натпревари во Премиер лигата пред јануарската позајмица во Милан. Во дресот на Ал-Наср веќе одигра пет натпревари, постигнувајќи хет-трик во дебито со една асистенција.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Откако популарниот португалски подкаст Чувејринхо во една од своите сегменти го доведе во прашање одлуката на Феликс, Роналдо на Instagram напиша што мисли за тоа.
„Идиоти не разбираат ништо за фудбалот, а сепак даваат свои мислења“, напиша Роналдо, додавајќи три емотикони кои плачат од смеа. Неговиот коментар во меѓувреме беше отстранет, а од профилот на подкастот подоцна беше објавена порака во која прашуваат дали заслужуваат таков напад откако редовно му даваа пофалби.