Дома Фудбал Постигнат договор: Меси наскоро става потпис!

Постигнат договор: Меси наскоро става потпис!

Изминативе недели кружеа гласини за потенцијалното заминување на Лионел Меси од Интер Мајами, но сега пристигна демант на таквите информации.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „ЕСПН“, еден од најголемите фудбалери на сите времиња е на прагот на потпишување нов договор со клубот од Флорида.

Точните детали за условите на новиот договор сè уште не се откриени, но се зборува дека станува збор за повеќегодишен договор за Меси. Интер Мајами се утврди во МЛС лигата како амбициозен тим и сакаат да го задржат својот највреден играч.

Меси веќе успеа да стане рекордер по број на голови во Интер Мајами. Постигна 62 голови и изведе 29 асистенции во нешто повеќе од две години, притоа влезе во историјата на клубот.

Барселона се надеваше повторно да го види аргентинскиот ас во својот дрес, но тоа останува само како далечен сон. Меси е сѐ повеќе задоволен со животот во САД и Мајами, па не планира промени во блиска иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tиквеш избра тренер со големо искуство, работел и во гигантот Ал Хилал!

Тиквеш официјално го претстави новиот шеф на стручниот штаб, а довербата за предводење на …