
Рубен Аморим е повторно под огромен притисок, за што веќе пишувавме денеска.
Сега на оваа тема се огласи и Фабрицио Романо, кој од своите инсајдери потврди дека во Јунајтед не размислуваат за раскин и дека сè уште веруваат во Португалецот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
“Во овој момент, во Јунајтед владее сè уште голема доверба во Рубен Аморим. Можам да гарантирам и дека доаѓањето на Џим Ретклиф на “Етихад” исто така е силна порака дека сака да биде близу до тимот, стручното тело и сите во Манчестер Јунајтед и сака да разбере што е потребно за излез од оваа ситуација. Во моментот, пораките на Аморим во јавноста дека не сака да се откаже од својата филозофија се директно упатени кон управата на клубот. Тој нема да го промени својот систем, бидејќи не верува дека проблемот е во него или во квалитетот, туку во менталитетот на играчите. Тој е среќен со тимот што го има, но мора да им го промени менталитетот. Денешната порака во клубот е јасна – никој уште не размислува за промена на клупата”, порача Романо.
Некои извори пишуваат дека поразот од Челзи може дополнително да ја комплицира ситуацијата, но и покрај тоа, Аморим има доверба од управата, бидејќи е очигледно дека проблемот не е само во тренерот, туку и во играчите и нивниот менталитет.
Јунајтед е со години далеку од вистинската форма во однос на својата големина, а смената на тренерот засигурно нема да биде решение во овој момент.