
Денис Шредер ја водеше репрезентацијата на Германија до титулата европски шампион и заслужено ја доби наградата за најдобар играч на натпреварувањето, додека неговата кошаркарска интелигенција ја покажа уште на почетокот од натпреварот против Турција во финалето!
Имено, Шредер во еден момент ја додаде топката од под кошот на турската селекција и сам си асистираше за поени. Со топката го погоди Алперен Шенгун во задникот, а потоа поентираше покрај него и Шејн Ларкин.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Германците славеа со резултат 88:83, со напомена дека Шредер го заврши натпреварот со 16 поени и 12 скокови. Бројките за целиот турнир се: 20,9 поени, 3,5 скокови и 6,6 асистенции по натпревар. Од друга страна, Исак Бонга со одлична игра беше прогласен за најдобар играч на само финалето.
Во продолжение можете да ја погледнете ситуацијата во која германскиот плејмејкер ги надитри колегите од Турција:
Only Dennis Schroder could pull this move out in the #EuroBasket final 😳🇩🇪 pic.twitter.com/41KDlMvgrD
— BasketNews (@BasketNews_com) September 15, 2025