
Андре Онана, голманот кој дo неодама беше често критикуван во Манчестер Јунајтед, во последните денови од трансфер периодот потпиша за Трабзонспор и во неделата го одигра својот прв натпревар за турскиот клуб. Иако Трабзонспор изгуби со 1:0 од Фенербахче, Онана ги остави сите без зборови со својата одлична игра и беше прогласен за најдобар играч на натпреварот според оценките на Sofascore.
Клучен момент за текот на натпреварот беше исклучувањето на Окај Јокушлу во 20. минута, кое им овозможи на домаќините целосна доминација. Фудбалерите на Фенербахче на целосно ги искористија условите и упатија дури 29 удари кон голот, девет од кои беа во рамките, но само еден го совлада Онана.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во 45. минута, Јусеф Ен Несери ја запечати победата за Фенер, откако реализира од одбиен удар. Некои го обвинија Онана за овој гол, бидејќи се смета дека ударот можеби воопшто немаше да оди кон голот. Независно од ова, Онана беше оценет со 8.4 за неговите осум одбрани и практично го спаси својот тим од дебакл.
Да потсетиме, Камерунецот го бранеше голот на Манчестер Јунајтед од летото 2023 година, откако пристигна од Интер за 50 милиони евра. Во Англија честопати беше критикуван поради склоноста кон грешки, што доведе до тоа ова лето да биде изнајмен на Трабзонспор.