Дома Останати Кошарка Eве кој ја доби наградата МВП на Евробаскетот

Eве кој ја доби наградата МВП на Евробаскетот

Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шредер е именуван за најкорисен играч на Евробаскетот (МВП награда) откако ја предводеше својата екипа до златниот медал. Германија доминираше на Евробаскетот со совршен резултат, а во финалето ја победи Турција со 88:83. Последните шест поени во финалето ги постигна токму Шредер.

Во завршните моменти, Шредер одлично погоди преку Ерџан Османов, носејќи ја својата репрезентација на чекор до триумфот. Со слободни фрлања во последните секунди, ја обезбеди победата. Сепак, за најкорисен играч на финалето беше прогласен неговиот соиграч Исак Бонга, кој постигна 20 поени, заедно со пет скока и три асистенции.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во идеалната петорка на Евробаскетот се двајца германски кошаркари, Денис Шредер и Франц Вагнер, потоа турскиот играч Алперен Шенгүн, грчката ѕвезда Јанис Антетокумпо и словенечкиот играч Лука Дончиќ. Бронзената медалја ја освоија кошаркарите на Грција, кои во натпреварот за трето место ја совладаа Финска со 92:89.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Испишана е историја во НБА лигата – се роди „нов Стеф Кари“ (Видео)

Минатата ноќ во НБА лигата се одиграни седум натпревари со една средба во нивниот дневен т…