Дома Фудбал Челси има „опасни“ планови: Следното лето доаѓаат две големи засилувања и тоа бесплатно?

Челси има „опасни“ планови: Следното лето доаѓаат две големи засилувања и тоа бесплатно?

Летниот трансфер период заврши на Островот, но Челси веќе размислува за иднината и следната година, а сега англиските медиуми открија дел од плановите.

Во повеќето европски лиги заврши летниот трансфер период и сè е јасно во однос на играчките состави.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Еден од најактивните клубови на Островот во врска со трансферот пазар беше лондонскиот Челси.

На Стамфорд Бриџ, меѓу другите, пристигнаа Алехандро Гарначо, Жоао Педро, Џејми Гитенс, Лиам Делап, Џарел Хато…

Сините значително се засилија ова лето и шефот на стручниот штаб – Енцо Мареска доби целосна поддршка од управата.

Сега, англиските медиуми, поточно “TBRFootball” откриваат одредени планови што ги имаат лондонските Сини.

Имено, според овој извор – Челси следното лето ќе се потруди да донесе два играчи, и тоа се Марк Геји и Мајк Мањан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…