
Крилото на Евертон, Џек Грилиш, е прогласен за играч на месецот во англиската Премиер лига за август.
Грилиш ја започна својата кариера во Евертон како позајмен играч од Манчестер Сити и во новиот клуб доживеа вистинска трансформација.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во првите три натпревари од Премиер лигата, Грилиш создаде пет важни шанси за постигнување гол, од кои неговите соиграчи реализираа четири, што резултираше во победи против Брајтон (2:0) и Вулверхемптон (3:2). Интересно, во натпреварот каде не беше во стартниот состав, против Лидс во првото коло, Евертон загуби (1:0).
Со четири асистенции тој е најдобар асистент во најсилните првенства. Неговата импресивна форма ќе има можност да продолжи во сабота во 16:00 часот, кога Евертон ќе ја пречека Астон Вила.