Дома Фудбал Онана ќе се спаси од пеколот на „Олд Трафорд“!?

Онана ќе се спаси од пеколот на „Олд Трафорд“!?

Фудбалскиот клуб Трабзонспор и Манчестер Јунајтед денеска постигнале договор за позајмица на камерунскиот голман Андре Онана, јавуваат спортските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двете екипи го усогласиле клубскиот договор за иницијална позајмица, а конечната одлука за трансферот останува во рацете на самиот Онана. Се очекува 28-годишниот голман во најскоро време да ја соопшти својата одлука околу иднината.

Онана минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ од Интер, како замена за Давид де Хеа, но неговите настапи беа често предмет на критики. Со оглед на промените во составот и потребата за поголема минутажа, позајмицата во Турција се гледа како можност тој повторно да ја врати формата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…