Дома Кошарка Бизарен ритуал на следниот ривал на Србија: Кошаркарите си удираат шлаканици едни на други (Видео)

Бизарен ритуал на следниот ривал на Србија: Кошаркарите си удираат шлаканици едни на други (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Србија во осминафиналето на Европското првенство ќе ги одмери силите со селекцијата на Финска.

Србија ја заврши групната фаза на Европското првенство на второ место, бидејќи во директен дуел за лидерската позиција во групата А претрпе пораз од репрезентацијата на Турција (90:95).

Орлите така во осминафиналето ќе ги одмери силите со третопласираната екипа од групата Б, а тоа е незгодната репрезентација на Финска.

Следниот противник на Србија со еден крајно бизарен ритуал привлече големо внимание на јавноста. Имено, на социјалните мрежи се појави видео каде што може да се види како кошаркарите на Финска се мотивираат пред натпреварот.

Верувале или не, тоа го прават удирајќи си едни на други шлаканици!

На видеото кое ги запали социјалните мрежи може да се види како Јакоб Грандисон им приоѓа на секој од соиграчите и удира и прима шамар, додека останатите скокаат и викаат!

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мега во нов кошаркарски проект: АТЛАС спојува 11 екипи од два континента

Младинците на Мега ќе играат во новата меѓународна лига АТЛАС, чиј календар води од Флорид…