Дома Тенис Мареј го замени рекетот со палка за голф – тргнува во потрага по милиони

Мареј го замени рекетот со палка за голф – тргнува во потрага по милиони

Тениската легенда Енди Мареј тргнува во потрага по милиони на поинакво спортско поле. Следниот месец ќе се натпреварува на престижното Алфред Данхил Линкс Шампионат во својата родна Шкотска, каде што ќе ги одмери силите со некои од најголемите имиња во голфот, пишува mirror.co.uk.

Турнирот ќе се одржи во неговата татковина од 2. до 5. октомври на некои од најпознатите шкотски терени, вклучувајќи ги Олд Курс Сент Ендруз, Карноусти и Кингсбарнс. Посебноста на ова натпреварување е форматот во кој аматерите играат заедно со професионалци за награден фонд од 3,7 милиони фунти (околу 4,25 милиони евра).

„Навистина се радувам на ова, ова е нешто посебно. А за еден Шкот како мене, да можам тоа да го правам во Шкотска на таква уникатна локација го прави сето тоа уште попосебно. На многу начини, Олд Курс во Сент Ендруз е многу сличен на Централниот терен во Вимблдон”, рече Мареј и додаде:

„Двата имаат ист историски дух и атмосфера која едноставно не постои на многу спортски терени низ светот. Ќе уживам во тоа.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…