Дома Фудбал Гвардиола по поразот од Брајтон доби ужасни вести: Новото засилување го чека долга пауза!

Гвардиола по поразот од Брајтон доби ужасни вести: Новото засилување го чека долга пауза!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рајан Шерки, ќе отсуствува околу два месеца поради повреда, информираше тренерот на тимот Пеп Гвардиола.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во селекцијата на Франција, на квалификациските натпревари за Светското првенство, наместо него ќе настапи напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике.

Во моментот кога Гвардиола ја објаснуваше сериозноста на повредата, Фудбалската федерација на Франција потврди дека офанзивниот играч за врска ги скинал мускулите на левиот квадрицепс и ќе ги пропушти претстојните квалификациски натпревари за Мундијалот против Украина и Исланд.

Шерки, кој летово дојде во Сити од Лион, се повредил на тренинг и денеска не настапи во поразот на својот тим од Брајтон со 2:1 во третото коло на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар најде голман во Струмица!

Вардар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување во редовите на …