Дома Македонски спорт Мак баскет Давитков ги повика Антиќ и Мекејлеб во претквалификациите

Давитков ги повика Антиќ и Мекејлеб во претквалификациите

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков го објави поширокиот список на репрезентативци кои се повикани за претквалификациите за пласман на ЕП во 2021 година.

На списикот на Давитков се наоѓаат и Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Првиот тренинг ќе се одржи на 19 ноември во 17.00 часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“. Првиот натпревар е против Словачка на гости на 23 ноември, а три дена подоцна дома играме со Швајцарија.

Поширок список на репрезентативци:
Перо Антиќ (Црвена Звезда)
Војдан Стојановски (Бујукчекмече)
Ѓорѓи Чековски (Работнички)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Стојан Ѓуроски (Карпош Соколи)
Марјан Јанески (Куманово)
Димитар Караџовски (Куманово)
Александар Костоски (Питешти)
Бојан Крстевски (Работнички)
Андреј Магдевски (Фени Индустри)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Меќиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Илирија)
Кирил Николовски (Карпош Соколи)
Предраг Самарџиски (Мега Бемакс)
Дарко Соколов (Карпош Соколи)
Бобан Стајиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Диме Тасовски (Гостивар)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Лестер Бо Мекејлеб
Ричард Хендрикс (Галатасарај)
Џордан Теодор (Олимпиа Милано)
Марко Дујковиќ (Блокотехна)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…