
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Германија, Алекс Мумбру, беше итно хоспитализиран. Ден пред почетокот на Европското првенство, Алекс Мумбру утрово беше примен во болница и лекарите одлучија да го задржат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Засега нема многу информации за тоа што се случи со Мумбру, но се спомнува дека станува збор за инфекција. Алекс Мумбру е задржан во болницата во Тампере, Финска и веќе е познато дека нема да ја предводи репрезентацијата на првиот натпревар на турнирот против Црна Гора.
Според информациите на „Баскетњуз“, не е познато колку долго Мумбру ќе мора да остане во болница, но засега единствено се знае дека против Црна Гора ќе го замени Алан Ибрахимагиќ, неговиот прв помошник во репрезентацијата на Германија.