Дома Фудбал Останато БРУКА: Обезбедувањето на го пушташе Дел Пјеро кај Меси – Алекс возврати со спектакуларно селфи!

БРУКА: Обезбедувањето на го пушташе Дел Пјеро кај Меси – Алекс возврати со спектакуларно селфи!

Неверојатни сцени доаѓаат од Русија, каде легендата на италијанскиот фудбал Алесандро дел Пјеро доживеа голема непријатност.

Имено, Италијанецот сакаше да влезе во хотелот каде што се наоѓаат аргентинските фудбалери кои играат пријателска средба против Русија, но еден човек од обезбедувањето не му дозволуваше да влезе.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Иако сите околу него му укажуваа на фактот дека тоа е Дел Пјеро, икона на светскиот фудбал, сепак „глупакот“ не сакаше да попушти.

За среќа дошол еден од тренерите на аргентинската репрезентација, па го „внесол“ Дел Пјеро во хотелот.

Алекс потоа направи спектакуларно селфи заедно со Дибала, Агуеро и Меси и преку социјалните мрежи праша:

„Кој ќе беше „десетката“ ако игравме заедно во ист тим“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Почната постапка за ликвидација на англиски клуб стар 154 години (Фото)

Фудбалскиот клуб Рединг се соочува со налог за ликвидација што го покрена поранешниот дире…