Дома Фудбал Класа: Ветеранот Милер во судиското продолжение донесе победа Ванкувер! (Видео)

Класа: Ветеранот Милер во судиското продолжение донесе победа Ванкувер! (Видео)

Легендарниот германски напаѓач Томас Милер го постигна својот прв гол за канадскиот тим Ванкувер Вајткепс. Тој им донесе победа од 3:2 против Сент Луис со погодок во 14. минута од судиското надополнување на второто полувреме. Милер постигна гол од спорен пенал. Снимката од голот можете да ја погледнете ОВДЕ.

Ова е прв негов гол во сениорската кариера за клуб кој не е Баерн. Во Минхен играше од 2000 година, кога имаше само 11 години. Во сениорскиот состав дебитираше во март 2008, а вкупно има 756 натпревари и 250 постигнати голови. Со дресот на минхенскиот клуб освои дури 33 трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од навивачите на германскиот гигант се прости во крајот на мај, по 25 години со клубот и освоени 13 титули во германската лига. Своите последни минути во дресот на Баерн ги одигра ова лето на Светското клупско првенство во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш го изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)

На стадионот Крејвен Котиџ се одржува натпревар помеѓу Фулам и Манчестер Јунајтед во рамки…