
Наполи веќе ја достави својата официјална понуда до Лајпциг за ангажман на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Италијанците нудат 1,5 милиони евра за едногодишна позајмица, со опција за целосен трансфер во јули 2026 година во висина од 11,5 милиони евра.
Но, од таборот на Лајпциг очекуваат значително повеќе. Германскиот клуб инсистира позајмицата да изнесува три милиони евра, а откупната клаузула да биде поставена на 18,5 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Преговорите интензивно се водат, а впечаток е дека двете страни постепено се приближуваат кон заедничка точка. Сѐ укажува дека Елмас би можел повторно да се врати на „Диего Армандо Марадона“, таму каде што остави најдлабока трага во својата досегашна кариера.