Дома Фудбал Срамна сцена во Сплит: Хулиган плукна фудбалер на Хајдук во кафуле (Видео)

Срамна сцена во Сплит: Хулиган плукна фудбалер на Хајдук во кафуле (Видео)

Фудбалерите на сплитскиот Хајдук минатите денови се соочуваат со силни навреди и критики од навивачите, а Антони Калик доживеа исклучително непријатна ситуација во една градина на кафуле во Сплит.

Овој Австралиец, кој има и хрватски пасош, беше нападнат во кафулето од страна на неколку хулигани, а еден од нив го навредил и плукнал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Порталот 24sata го објави снимката од нападот на Калик, а уште пред објавата клубот од Полјуд се изјасни и го осуди однесувањето на хулиганите.

“Свесни сме дека последниот неуспех во Европа предизвика негативни реакции кои целосно ги разбираме и прифаќаме, но исто така го осудуваме секој вид на однесување кое не е во духот на спортот и Хајдук, а кое може да ја загрози безбедноста на играчите и навивачите, како на стадионот, така и надвор од него.

Јасно и недвосмислено повикуваме на разум и воздржаност од секое однесување кое може да нанесе уште поголема и непоправлива штета на репутацијата на нашиот клуб.

Се надеваме дека поддршката од нашите навивачи нема да изостане во иднината, а ние како клуб ќе работиме на тоа да ја оправдаме нивната доверба, преку посветеност и труд во дресот на Хајдук”, изјавија од ХНК Хајдук.

Снимката можете да ја погледнете на овој линк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…