Дома Фудбал Се тепаше со Рабио и сега ќе го избркаат од клубот!

Се тепаше со Рабио и сега ќе го избркаат од клубот!

Фудбалерот на Олимпик Марсеј Џонатан Роу ќе го напушти клубот по случувањата во петокот вечерта во соблекувалната на „Роазон парк”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Без тензија и драма не може во Марсеј. Овој клуб низ историјата е исполнет со такви работи. Веќе на самиот почеток на сезоната, изгубија од Рен со гол во судиското продолжение, а потоа незадоволните играчи, откако се соочија лице в лице во соблекувалната, влегоа во конфликт.

Најпрвин, станува збор за Адриен Рабио и Џонатан Роу кои физички се судрија откако францускиот играч за врска му порача на Англичанецот дека не се потрудил доволно на теренот.

Првично се појавија информации за размена на зборови и жешки глави, но неколку дена подоцна локалните медиуми објавија дека дошло до физички судир и дека спортскиот директор Меди Бенатија заедно со Роберто де Зерби спречиле поголема тепачка.

Двајцата играчи се привремено исфрлени од првиот тим, а Џонатан Роу веќе ги пакува куферите. Крилниот напаѓач веројатно ќе оди во Италија. Го сака Болоња која веќе го повикала, се спомнува и Рома… Инаку, заинтересирани се и некои англиски клубови.

Марсеј би требало да добие 20.000.000 евра, иако е прашање дали ќе успеат да издејствуваат толку по претходните случувања.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Возиња има нов клуб!

Возиња, кој се истакна на неодамна завршеното Светско првенство, ќе биде новиот член на сл…