Дома Фудбал Англија Неговата магија виза за иднина: На „Олд Трафорд“ пристигнува засилување од Бенфика

Неговата магија виза за иднина: На „Олд Трафорд“ пристигнува засилување од Бенфика

Манчестер Јунајтед веќе договори уште еден трансфер.

Новиот член на „Црвените ѓаволи“ е младиот Умаро Ембало, кој моментално е фудбалер на португалскиот великан Бенфика.

Англиските медиуми тврдат дека договорот е постигнат. Бенфика за талентираниот 16-годишен фудбалер ќе инкасира околу 5 милиони фунти, а договорот наскоро би требало да биде и официјализиран.

Ембало ги импресионирал скаутите на Јунајтед во средбите против нивниот помлад тим. Правел што сака и челниците на тимот од „Олд Трафорд“ одлучија да го ангажираат.

Иако е роден во Гвинеја Бисао, Ембало настапува за селекцијата на Португалија, а му се предвидува и фантастична и блескава кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Касемиро блеска во одбраната на Интер Мајами

Интер Мајами ја прекина серијата од пет натпревари без победа во МЛС, благодарение на нова…