
Феноменалниот шведски атлетичар Арманд Дуплантис трета година по ред успеа да го собори светскиот рекорд во скок со стапка.
На почетокот на годината, Дуплантис го изведе рекордниот скок во Клермонт, Франција, каде што со совладување на висината од 6,27 метри постави нов светски рекорд. Подоцна, во јуни, надмина себеси пред својата публика во Стокхолм прескокнувајќи 6,28 метри.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Синоќа, Дуплантис настапи на атлетскиот митинг „Меморијал Ѓулаи Иштван“ во Будимпешта, при што успеа да ги помести границите на оваа дисциплина за уште еден сантиметар.
Во вториот обид, тој ја прескокна висината од 6,29 метри, со што за тринаесетти пат во својата кариера постави светски рекорд.
Дуплантис ја извојува својата 33-та победа прескокнувајќи ја висината од 6,11 метри во првиот обид, оставајќи ги зад себе Емануилос Каралис од Грција (6,02) и Куртис Маршал од Австралија (5,83), кои се задоволија со сребро и бронза. Потоа, тој се насочи кон поставување на нов светски рекорд.
На првиот обид на 6,29 метри не успеа, а во вториот, иако ја допре летвицата со нога и стомак, таа остана на место, со што скокот беше важечки. Со ова, Дуплантис уште еднаш докажа дека е најдобриот скокач со стапка во историјата.