Дома Фудбал Еден од селекторите со најдолг стаж си даде отказ по 15 години – ќе работи во трета лига!

Еден од селекторите со најдолг стаж си даде отказ по 15 години – ќе работи во трета лига!

Долгогодишниот селектор на фудбалската репрезентација на Луксембург, Лук Холц, поднесе оставка откако помина 15 години на оваа позиција, соопшти денеска Фудбалската федерација на Луксембург (ФФЛ).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Холц побара од претседателот на ФФЛ да го раскине неговиот договор со веднаш. Тој има можност да прифати нов предизвик во својата тренерска кариера, приклучувајќи се на еден клуб во странство,” се наведува во соопштението.

Според медиумските извештаи, Холц би требало да го преземе Манхајм, клуб кој се натпреварува во третата германска лига.

Овој 56-годишен Луксембуржанец го водеше националниот тим на 144 натпревари, постигнувајќи 33 победи, со 29 реми исходи и 82 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џо Кол за поништениот гол на Хрватска: Една од најлошите одлуки во историјата на СП!

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол остро ја критикуваше одлуката со која беше пон…